Франција и Австралија се во осминафиналето на Мундијалот. Франција оди во нокаут фаза како прва, Австралија како втора во групата. Австралија во клучниот меч ја победи Данска со 1:0, додека Тунис направи сензација бидејќи ја победи Франција, но тоа не беше доволно.

Голот за Тунис на последниот натпревар во групната фаза против Франција го постигна Хазри во 58. минута. Во тој момент Тунис скокна на второто место, но само три минути подоцна Леки погоди за Австралија во осминафиналето на Светското првенство. Гризман погоди во 98. минута за 1:1 против Тунис, но ВАР го поништи голот, поради офсајд.

Во директен дуел за осминафиналето, во Ал Вакрах, Австралија минимално со 1:0 ја совлада Данска. Откако ги одби сите дански напади на почетокот од натпреварот, Австралија беше се подобра и подобра во вториот дел, а решавачкиот гол го постигна Метју Леки во 60. минута.

На крајот Австралија заврши втора со ист број бодови, по шест, како и Франција. Имено, Тунис со 1:0 го победи актуелниот светски првак, но тоа не беше доволно за да се пласира во осминафиналето. Вахби Хазри го постигна единствениот гол на натпреварот во 58. минута, но Тунис заврши на третото место со четири бода. Значително изменетиот француски тим израмни со голот на Антоан Гризман во 98. минута, но голот беше поништен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.