Томас Тухел е творец на ново чудо во фудбалскиот свет. Ако минатата сезона со моќниот ПСЖ се „сопна“ во финалето, вечерва е горд на своите избраници и со Челзи ја освои Лигата на шампионите.

Германскиот стратег не го криеше задоволството од извојуваната победа над Сити (1-0) и ги искажи првите импресии од освоениот трофеј.

„Играчите беа решени да победат. Им бевме како камче во нивните копачки. Ги охрабрував играчите да се истакнат на ова финале, да се повеќе храбри и да бидат опасни во контра нападите. Ова беше тежок физички натпревар, моравме да си помогнеме еден на друг“, рече Тухел.

Инаку, интересно е тоа што Челзи пак е шампион на Европа со тренер кој во тимот дојде среде сезона. Германскиот стратег на „Стемфорд Бриџ“ дојде на полусезона, како замена на клупската легенда Френк Лампард.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.