Тренерот на Челзи, Томас Тухел, застана во одбрана на напаѓачот Ромелу Лукаку по лошиот настап на натпреварот од 26. коло на Премиер лигата против Кристал Палас (1:0).

– Тој е во центарот на вниманието и ние ќе го заштитиме. Ромелу секогаш ќе биде дел од тимот. Понекогаш им се случува на напаѓачите да паднат во формата ако се борат со самодовербата и бараат простор за интеракција со добар одбранбен тим. Се разбира, тоа не е она што ние го сакаме од него и тоа што го сака самиот Ромелу, но не треба да се шегувате и да се смеете со него, изјави Тухел.

Во саботата Лукаку имаше седум допири со топката во целиот натпревар со Кристал Палас. Ова е најмалку допири на натпревар од Премиер лигата за играч кој одиграл 90 минути уште од сезоната 2003/04, кога почнаа да се собираат податоците.

Лукаку дојде во Челзи од Интер во летото 2021 година за 113 милиони евра. Тој има постигнато само еден гол во последните осум првенствени настапи за клубот од Лондон. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.