Шпанската полиција уапси три лица за малтретирање на расистичка основа на Ламин Јамал и Рафиња за време на „Ел Класико“ во октомври.

Се вели дека приведените дале „дискриминаторски изрази“, а исто така и „гестикулации кои имитираат примати“ насочени кон двајцата играчи на Барса.

По темелно прегледување на снимките, полицијата ги уапси тројцата во средината на ноември.

Инцидентите се случија откако Јамал постигна гол за 0:3 и го прослави својот гол заедно со Рафиња.

Фановите беа идентификувани преку низа споделени слики. Реал Мадрид најави мерки против овие навивачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.