Италијанскиот тренер, Карло Анчелоти, имаше тримфално враќање на клупата на Реал Мадрид.

Во првиот натпревар од новата сезона, фудбалерите на „Кралскиот клуб“ го исполнија ветувањето што Анчелоти го даде при неговата презентација како старо-нов тренер, дека Реал Мадрид секогаш ќе игра офанзивно и на гол повеќе.

На гостувањето кај Алавес, мадриѓаните постигнаа четири голови за триумф од 4:1.

Сите голови на оваа средба паднаа во второто полувреме. Два гола за Реал Мадрид постигна Карим Бензема, а по еден Начо и Винисиус Жуниор.

Почесниот гол за Алавес го постигна Хоселу, од пенал, по фаул што го направи голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.