Португалските здравствени власти објавија дека кај 13 фудбалери и членови на клупскиот персонал на прволигашот Белененсес е откриен омикрон сојот на корона вирусот и тоа откако еден од нив се вратил од Јужна Африка.

Омикрон сојот бил откриен по првенствениот натпревар во Лисабон меѓу Белененсес и Бенфика во саботата. Белененсес натпреварот го почна со девет фудбалери, а остатокот од екипата беше во изолација. По полувремето на теренот излегоа само седуммина фудбалери на домашната екипа и натпреварот по само две минути во вториот дел беше прекинат при водство на Бенфика од 7:0.

Сите сме во изолација, освен младинската екипа, која немаше настап во саботата. Вкупно 44 луѓе се во изолација. Полесни симптоми имаат двајца или тројца фудбалери и исто толку членови на клупскиот персонал. Сега чекаме повторување на тестовите штом тоа ќе го одобрат здравствените власти – изјави портпаролот на Белененсес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.