Тимот на Порто синоќа ја исфрли Рома од осминафиналето од Лигата на шампиони, откако по продолженијата победи со резултат од 3-1. Домаќините поведоа во 26-тата минута пред Соареш, за Де Роси од пенал да израмни на 1-1 десетина минути подоцна.

Второто полувреме подобро го отворија играчите на Порто кои во 50-тата минута се заканија преку Соарес, но Олсен одбрани. Сепак, немаше спас за голманот на Рома две минути подоцна кога Марега на асистенција на Корона погоди за водство на домаќините од 2-1.

Регуларните 90 минути завршија со победа на Порто колку што беше и победата на Рома во Рим, па следеше продолжение.

Во првите 15 минути кои минаа без посериозни шанси, во второто продолжение Џеко пропушти две одлични прилики за Рома. Казната за промашувањето следеше многу брзо, па во 117-тата минута откако Чакир прегледува една ситуација во шеснаесетникот на Рома со ВАР системот, свирна прекршок и покажа на белата точка за Порто, а Телес го постави конечниот резултат од 3-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.