Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација, Илија Несторовски би можел да го напушти Удинезе со кој има важечки договор до 30 јуни 2022 година.

Според италијанските медиуми, интерес за Несторовски покажуваат три екипи кои моментно настапуваат во Серија Б, Монца, СПАЛ и Бреша.

Како што информира „Скај Спорт“, Фернандо Љоренте и Патрик Кутроне се очекува да се преселат во Удине, а Кевин Ласања е блиску до трансфер во Верона.

Монца е во сериозна трка за учество во елитата, се наоѓа на второто место, заостанувајќи само четири бода зад лидерот Емполи, додека СПАЛ е на петтата позиција. Бреша се наоѓа на 13 место.

Несторовски сезонава во Серија А има 11 настапи, со еден гол, а само еднаш бешес стартер. Лани во првенството запиша 28 настапи и три погодоци.

Претходно ги бранеше боите на Палермо, Интер Запрешиќ, Металург, Викторија Жижков, Словачко и прилепска Победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.