Тренерот на Челзи, Томас Тухел го прокоментира ремито на гостувањето кај Реал Мадрид во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампиони (1:1).

– Го започнавме натпреварот многу добро, игравме агресивно. Првото полувреме мораше да го добиеме. Ние го заслуживме тоа. Имавме многу шанси, многу полушанси, ни недостасуваше прецизноста на последното додавање, што ќе помогнеше да се создадат уште повеќе можности за гол. Резултатот од првото полувреме беше малку разочарувачки, па затоа беше важно да останеме смирени и да не ја изгубиме концентрацијата. До крајот на мечот, брзината падна, изгубивме во агресија, можеше да се види дека се изморивме. Ќе беше заслужено да победиме, но тоа не се случи. Треба да го прифатиме ова реми и да се обидеме да го добиеме следниот натпревар, изјави Тухел.

Возвратниот натпревар ќе се одржи на 5 мај во Лондон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.