Тренерот на Барселона, Роналд Куман смета дека неговиот тим ќе се соочи со предизвици во нападот по заминувањето на Лионел Меси.

– Ќе ни биде тешко да постигнуваме голови без Меси. Тој минатата сезона 30 пати се запиша во листата на стрелците. Сепак, кога Ансу Фати и Кутињо ќе се вратат во акција, ќе имаме силен тим и ќе се бориме за победите и титулите, како и во секоја сезона, изјави Куман.

На 5 август, Барселона објави заминување на 34-годишниот Аргентинец. Меси го напушти каталонскиот клуб поради финансиски и структурни ограничувања што постојат во шпанското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.