Познатиот француски фудбалски тренер, Рајмон Доменек, призна дека добил повик да биде селектор на репрезентацијата на Србија.

Францускиот стручњак, за „Блиц“ открива дека е заинтересиран за преземање на функцијата, така што нема да биде изненадување доколку поранешниот вицешампион на светот да стане нов селектор на Србија.

Во тренерските води тоа обично оди преку контакти. Ми ја пренесоа заинтересираноста и јас одговорив потврдно, па ќе видиме што ќе испадне од сето тоа. Не е мојот агент тој што бараше ангажман, туку беше обратно. Драго ми е што некој се сетил дека би можел да бидам кандидат за таа функција. Искрено, секогаш ласка кога некој препознава дека би можеле да предводите некоја национална репрезентација – вели Доменек.

Французинот вели дека Србија има одлични фудбалери ширум Европа и дека има потенцијал да направи нешто интересно на меѓународната фудбалска сцена.

Сосема случајно ги гледав два од последните натпревари на Србија, против Унгарија во Лигата на нации и против Шкотска во баражот за Европското првенство. Ги пренесуваа директно овде во Франција, па тоа беше одлична можност да стекнам увид во можностите на екипата. Има многу квалитетни играчи, Милинковиќ-Савиќ, Тадиќ, неколкумина што играат во Францијам како Радоњиќ, голманот на Ремс, Рајковиќ … Кога станува збор за клубовите, ривалството меѓу Црвена звезда и Партизан е познато и во Франција – вели Доменек.

Тој дава и насока во која би требало да се работи за Србија да напрви чекор напред кон репрезентативен успех.

Се е во организацијата. талентите се тука, само треба да се постигне да играат заедно, како еден. Секако дека имам концепција како тоа може да се постигне, инаку воопшто не би размислувал за селексторското место – вели Доменек.

Рејмон Доменек од 1988 до 1993 година беше тренер на Лион, по што до 2004 година беше селектор на младата репрезентацијата на Франција. Потоа ја презема А селекцијата со која во финалето на Мундијалот во 2006 година загуби од Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.