Најголемата трансфер-сага во европскиот фудбал во последните неколку години, трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид ја има својата разрешница.

Како што објави реномираниот шпански спортски весник „Марка“, ПСЖ е свесен дека не може да го задржи францускиот рперезентатовец и ја прифатил последната понуда од „кралскиот клуб“ која изнесува 170 милиони евра плус 10 милиони во потенцијални бонуси.

Според „Марка“, трансферот е повеќе од извесен, а неговото официјализирање ќе биде в петок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.