Фудбалерот на Манчестер сити, Габриел Хесус (25) од Манчестер сити преминува во Арсенал, а клубот од Лондон за неговиот трансфер ќе плати 50 милиони евра. Како што објавија британските медиуми, Бразилецот ќе потпише петгодишен договор со „топчиите“.

Како што се наведува во извештаите, голема улога во неговиот трансфер во Арсенал имале техничкиот директор на „топчиите“, поранешниот бразилски интернационалец Еду, како и менаџерот на лондонскиот прволигаш, Микел Артета.

Бразилецот минатата сезона одигра 28 натпревари во Премиер лигата на кои постигна осум голови.

Во Манчестер сити дојде од редовите на Палмеирас во 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.