Англискиот фудбалски прволигаш Манчестер јунајтед го комплетира трансферот на Португалецот Кристијано Роналдо од Јувентус.

Британските и италијанските медиуми објавија дека договорот за враќањето на Роналдо во клубот од „Олд Трафорд“ изнесува 25 милиони евра.

Роналдо (36) го носеше дресот на Манчестер Јунјатед од 2003 до 2009 година и на 292 натпревари постигна 118 голови, освојувајќи ја Лигата на шампиони (2008), три англиски титули и еден ФА куп. Во црвениот дрес, Роналдо ја освои и наградата за најдобар фудбалер во светот, популарната „Златна топка“.

Во летото 2009 година, Роналдо за тогаш рекорден трансфер од 94 милини евра од Манчестер замина во Реал Мадрид, каде мина девет сезони. Последниве три години Роналдо играше за италијанскиот гигант Јувентус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.