Додека трае Европското првенство во фудбал траат и шпекулациите за иднината на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Досега во јавноста најгласни беа информациите кои го поврзуваа Алиоски со Фенрбахче, сега се појавија нови кои говорат за можен трансфер на македонскиот репрезентативец во Русија.

Според турскиот весник „Фанатик“, Алиоски има понуда од Русија, поточно од гигантот ЦСКА Москва. Истата информација ја пренесува и „ТимТалк“ кој тврди дека понудата од рускиот клуб може да биде „премногу добра за да се одбие“.

Како што е веќе познато, важечкиот договор на Алиоски со премиерлигашот Лидс истекува на 30 јуни, а во меѓувреме клубот од „Еланд роуд“ му понуди нов договор, па останува да се види во следниот период дали нашиот играч истиот ќе го прифати или не.

Освен ЦСКА Москва и Фенербахче, интерес за Алиоски покажуваат и Трабзонспор и Бешикташ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.