Манчестер Јунајтед и Јувентус веќе ја договориле размената помеѓу двата напаѓачи Ромелу Лукаку и Пауло Дибала. Според „Газета дело спорт“, договорот е многу близу до финализирање.

Спортскиот директор на „бјанконерите“, Фабио Паратичи успеал да ја заврши најтешката работа во оваа размена, да го убеди Аргентинецот да ја продолжи неговата кариера на „Олд Трафорд“.

Интер исто така беше заинтересиран за Белгиецот, но „нероазурите“ се далеку од исполнување на финансиските побарувања на „црвените ѓаволи“ и нивните предлози не беа прифатени од англискиот клуб. Лукаку не замина со тимот во Осло, а Оле Гунар Солскјер изјави дека се надева дека иднината на напаѓачот ќе биде решена во наредните четири дена.

Инаку, трансфер периодот во Англија се затвора на 8 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.