Младиот фудбалер од академијата на Ајакс, Ноа Гесер, загинал во трагична сообраќајна несреќана само 16-годишна возраст. Веста ја потврдува холандската новиска агенција АНП, за која портпарол на холандскиот клуб изјавил дека станува збор за „ужасна вест“.

Сообраќајката се случила во текот на ноќѕа во градот Ијселстејн во близина на Утрехт, кога автомобилот во кој бил фудбалерот имал директен судар со камион, што ги предизвикал фаталните последици. Во несреќата загинало уште едно лице од автомобилот на Ноа.

Возачот на камионот бил пренесен во болница, а според холандската полиција не се наоѓа во животна опасност.

Ноа Гесер беше една од најголемите фудбалски надежи на Ајакс. Тој дојде во клубот летото 2018 година од Алфенс Бојс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.