Синот на поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација Михаел Балак (44), 18-годишниот Емилио, загина во сообраќајна несреќа, возејќи квадроцикл во близина на Лисабон.

Причината за несреќата сè уште не е позната, а португалските медиуми јавија дека синот на Балак го загубил животот во два часот наутро возејќи квад во туристичкото место Троија, јужно од Лисабон, во близина на семејната куќа.

Семејството Балак веќе некое време поседува викендица во близина на Лисабон, а по несреќата експресно реагираа брзата помош и пожарникарите, но не успеаја да го спречат трагичниот исход, објави „Мирор“.

Фудбалскиот клуб Челси, чиј член беше Михаел во текот на неговата кариера, како и многу љибители на фудбалот, испратија пораки со сочувство до семејството Балак.

Славниот фудбалер ја заврши кариерата во 2012 година, а покрај Челси играше за Баерн Минхен и Баер Леверкузен.

Емилио е син на Балак од бракот со Симоне Ламбе, со која поранешниот германски репрезентативец има уште два сина, Луис (20) и Жорди (16) Двојката се разведе во 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.