Фудбалерот на англискиот првак Манчестер сити, Натан Аке сподели денеска со јавноста дека неговиот татко починал во средата само неколку минути откако 26-годишниот фудбалер го постигна својот прв гол во кариерата во Лигата на шампиони.

– По тежок период вчера го постигнав својот прв гол во Лигата на шампиони, а само неколку минути подоцна мојот многу тешко болен татко почина мирно, во присуство на мојата мајка и мојот брат. Можеби така требало да биде, секогаш беше горд и среќен кога ме гледаше како играм, објави Аке на социјалните мрежи.

Холандскиот напаѓач кариерата ја почна во Челзи, а во редовите на Манчестер сити дојде на почетокот на оваа сезона од Бурнмут.

За холандската репрезентација Аке досега одигра 22 натпревари и постигна два гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.