Младиот фудбалер Немања Б.(16) загина, а четворица негови пријатели се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во местото Совљак, недалеку од Уб, кога нивниот автомобил излегол од патот и се превртел.

Тешката сообраќајна несреќа се случила околу 22 часот и 30 минути, кога автомобилот Ауди А6, кој се движел од правец Новак кон Убу, излетал од патот.

Се претпоставува дека несреќа се случила поради несоодветна брзина и лоши услови на патот, бидејќи во тој момент беснеела бура. Автомобилот преминал на спротивната лента од коловозот, влетал во каналот, се превртел и завршил на покривот.

Несреќните тинејџери сакале да се прошетаат и да убијат време, бидејќи на нивно место немало струја поради силно невреме.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.