Раководството на Тотенхем е уверено дека лидерот на тимот Хари Кејн нема да го напушти тимот барем до следната година, пренесе „Дејли стар“.

Договорот на Англичанецот е со важност до летото 2024 година.

Претходно интерес за негов трансфер пројавија Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер јунајтед.

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 150 милиони евра.

Кејн не игра од почетокот на јануари поради повреда. Оваа сезона, 26-годишниот фудбалер настапи на 25 натпревари, постигна 17 голови и забележа две асистенции

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.