Тотенхем е подготвен да го сруши својот трансфер рекорд по втор пат во овој трансфер период. Откако тоа го стори тоа со Танги Ндомбеле, се очекува „Спарси“ да понудат рекордна сума за да го доведат Пауло Дибала од Јувентус, објавија повеќе италијански и англиски медиуми.

Според информациите, „петлите“ ќе и понудат 80 милиони евра на „старата дама“ за аргентинскиот офанзивен играч. Јужноамериканецот е желба на Маурисио Покетино, кој го смета за идеален партнер на високите позиции на Хари Кејн.

Во Италија се шпекулира дека неговата цена одредена од шампионот е 100 милиони евра, па дури и примамлива понуда од 80 мил. на Тотенхем нема да биде доволна за негов трансфер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.