Премиерлигашот Тотенхем нема да одвои средства за засилувања во јануари, пренесуваат британските медиуми.

Според „Гардијан“, раководството на клубот му кажало на тренерот Жозе Мурињо дека нема пари за трансфери во јануари. Тој ќе мора да работи со составот што тимот го има сега.

Во исто време, новиот тренер побара од Даниел Леви, претседател на управниот одбор на Тотенхем, во никој случај да не го продава Хари Кејн во текот на летото.

Мурињо дојде во Тотенхем пред два дена по отказот на Маурисио Покетино

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.