Минатите два трансфер периоди тимот на Тотенхем направи нешто изненадувачкo, односно тие не ангажираа ниту еден нов фудбалер, а причината за тоа беше изградбата на новиот стадион.

И покрај тоа што веќе обезбедија учество во финалето на Лигата на шампионите, се чини дека раководството на клубот почнало да размислува и за летниот транфер рок кој доаѓа. Медиумите на Островот пишуваат дека „спарси“ веќе го договориле својот прв трансфер за ова лето.

Станува збор за играчот кој како позајмен од Барселона настапува во Евертон, Андре Гомеш. Тој не се покажа во најдобро светло во Барселона и беше испратен во Англија, каде што солидно се покажа во тимот на „карамелите“.

Се очекува со отворањето на трансфер прозорецот, Гомеш да биде претставен како нов играч за лондонскиот тим, кој ќе даде 30 милиони евра за неговите права.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.