Тотенхем не успеjа да го помине шеснаесетфиналето на англискиот Лига куп. Финалистите од Лигата на шампионите од минатата година, синоќа загубија од Колчестер, клуб од четвртата по квалитет дивизија во Англија.

Актуелниот победник на ова натпреварување, екипата на Манчестер сити го совлада Престон.

Резултати:
Портсмут – Саутемптон: 0-4
Лутон – Лестер: 0-4
Вотфорд – Свонси: 2-1
Престон – Манчестер сити: 0-3
Шефилд венсдеј – Евертон: 0-2
Колчестер – Тотенхем: 0-0, на пенали 4-3
Арсенал – Нотингем Форест: 5-0
Кроули – Стоук: 1-1 на пенали 5-3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.