Милан успеа да се пласира во четвртфиналето од Купот на Италија откако славеше против Торино со 5:4 по изведувањето на пеналите.

По 120 минути фудбал на „Сан Сиро“ немаше голови. За Милан во почетниот состав се врати Ибрахимовиќ но тој беше заменет на полувремето.

Во пенал рулетот за Милан погодија, Кеси, Хернандес, Тонали, Ромањоли и Чалханоглу. За Торино прецизни беа Белоти, Лукич, Ланко и Милинковиќ Савиќ а од белата точка промаши Ринкон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.