Новиот тип на корона вирусот, кој предизвикува тешко заболување на белите дробови, Ковид 19, доведе до смрт на млада спортска директорка во турскиот фудбал.

Како што соопшти тамошната фудбалска федерација од последиците на Ковид 19 во болница почина 29 годишната Кумсал Јилдиз, која била спортска директорка на клубот од Бурса,ФК Агакојспор.

Со жалење соопштуваме дека Кумсал Јилдиз, која покрај функцијата на спортски директор во Агакојспор беше задолжена и за следење на индивидуалниот развој на играчите, почина од коронавирус. Со длабока тага се простуваме од неа и посакуваме Бог да ја земе кај себе, а да го утеши семејството, пријателите и сите во  нејзиниот клуб и спортското опкружување – се наведува во соопштението на Сојузот.

Како што јавува турскиот Хуриет, Јилдиз била срцев болесник и пред неколку дена била примена во болницата поради влошена здравствена состојба. Тогаш е утврдено дека е позитивна на коронавирусот, а брзо после тоа и починала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.