Градоначалникот на Општина Чаир и Портпаролот на Општината, Куштрим Ала остварија средба со високиот претставник на УЕФА, истовремено и раководител на програмата „Хет трик“ г-дин Тиери Фавре, раководството на Фудбалската Федерација на Македонија на чело со нејзиниот претседател г-дин Мухамед Сејдини и Секретарот на Федерацијата г-дин Филип Поповски за да дискутираат околу деталите на заедничкиот проект за изградба на нова трибина на стадионот на ФК Шкупи и за текот на нејзиниот градежен процес. Една средба каде ретко со толку голем ентузијазам, далеку од дневната политика се зборуваше за големата потреба за подобрување на инфраструктурните спортски услови на едно место како Чаир каде се живее и дише за спортот, а тоа најдобро го покажуваат успесите на нашите спортисти.

Градоначалникот Ганиу изрази искрена благодарност до г-дин Тиери Фавре за неговата максимална поддршка и за помошта која ја даде за овој проект да стане дел од Буџетот на УЕФА за 2019 година. Исто така Ганиу изрази голема благодарност кон раководството на Федерацијата на домашниот фудбал за нивната коректна соработка во процесот на изработка на проектот и помошта која ќе ја даваат за имплементирање на овој важен проект.

Во текот на средбата г-дин Фавре изјави:

Сакам да потенцирам дека прв пат остварувам средба во кабинетот на еден Градоначалник кој со толку голем ентузијазам се бори за подобри инфраструктурни спортски услови на територијата на општината со која раководи. Задоволен сум од тоа што го слушнав. Ние како УЕФА секогаш ќе дадеме поддршка на ваков тип на проекти, а уште по значајно е што овој стадион ќе биде отворен не само за локалните екипи, туку и за националните тимови.Сфативме колку луѓето овде го сакаат фудбалот, колку е значаен за нив ФК Шкупи и затоа одлучивме максимално да помогнеме.

Претседателот на Фудбалската Федерација на Северна Македонија изјави:

Висар е човек од фудбалот и нас ни е исклучително драго што имаме блиска соработка и можност да направиме големи работи за фудбалот. Како федерација секогаш ќе ја поддржуваме намерата и проектите на локалната самоуправа кои имаат цел да ја развиваат и подобруваат фудбалската инфраструктура. Би сакал да изразам голема благодарност до УЕФА, посебно до нашиот голем пријател Тјери Фавре за напорите кои ги вложуваат да ни помогнат во остварувањето на еден од нашите главни приоритети – создавање можности за фудбал за сите.

Средбата ја завршија со заедничка посета на стадионот каде за брзо време ќе започне интензивната работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.