Фудбалскиот клуб Силкес за противник во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите го доби шампионот на Азербејџан – Карабах.

Натпреварот треба да се игра во Баку на 18 или 19 август.

Поради ситуацијата со коронавирусот, оваа сезона ќе се игра само еден натпревар воквалификациите, а домаќинот се одредува со ждрепка. Доколку во регуларните 90 минути нема победник ќе се играат продолженија од двапати по 15 минути, а потоа и пенали доколку сè уште е нерешено.

Силекс ја претставува Македонија во најпрестижниот фудбалски турнир на Стариот континент на место Вардар, кој не доби лиценца.

Извлекувањето на двојките за второто квалификациско коло ќе се одржи утре со почеток во 12 часот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.