Младиот фудбалер на Јувентус, Брајан Додиен почина вчера на само 17 години. Тој долго време се бореше против карциномот, но не успеа да го победи.

Му беше дијагностицирана болеста уште во 2015 година, но четири години подоцна тој се врати на терените и одигра натпревар за тимот до 15 години на „Старата дама“. Сепак, ракот повторно се врати, а починал вчера.

Оваа вест силно го погоди Пол Погба, кој го запозна младиот Брајан уште кога го носеше дресот на Јувентус.балер

Најтажни вести. Моите мисли и молитви се со сите вас најблиските. Загубата на некој што го сакате никогаш не е лесна, но јас никогаш нема да те заборавам“, напиша Погба за фудбалерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.