Пред 15-20 години беше еден од најдобрите напаѓачи во светот и ги решеташе противничките мрежи од сеоја позиција и далечина, а денес е пропаднат во пеколот на зависноста од алкохол.

Ваква е тажната приказна на поранешниот бразилски фудбалер, Адријано, за кого фудбалските фанови се уште се прашуваат што ќе беше доколку неговата кариера не направи такво нагло свртување од патот кон ѕвездите кон бездната од која не може да се извлече.

Последната потврда за сегашната лоша состојба на Адријано го покажува видео објавено на „ТикТок“ на кое се гледа популарниот „император“ целосно пијан во една фавела во Рио де Жанеиро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.