„Македонско девојче“ ечеше пред арената „Јохан Кројф“ во Амстердам, зачука и новиот тапан, доминира црвено – жолтата боја.

Иако очекувано е на денешниот натпревар Холандија како домаќин да има поголема поддршка од трибините на стадионот на Ајакс, овие снимки се потврда дека македонската репрезентација ќе има сериозна поддршка и на овој меч. Иако за разлика од натпреварите во Романија, за овој, поради рестрикциите во патувањата, навивачите од Македонија не можат да присуствуваат, македонската дијаспора се мобилизираше и се очекува со многу аплауз да го испрати Гранде Пандев кој денеска го игра последниот меч во националниот дрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.