Поради казната од УЕФА, Партизан синоќа мораше да го игра без поддршка од навивачите првиот натпревар од групната фаза во Лига европа против АЗ Алкмар во Белград.

Но, УЕФА дозволи единствено присуство на деца под 14 години на трибините на стадионот на Партизан. Сепак, и од Европската куќа на фудбалот не очекуваа дека Партизан ќе може да собере дури 22.000 деца, создавајќи извонредна атмосфера на трибините.

И претходно праксата била да дозволуваме дечиња на натпреварите доколку клубот е казнет да игра пред празни трибини. Но, никогаш не се случило некој да собере 22.000 деца, велат од УЕФА.

екипа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.