Еден од шестмината преживеани во тешката авионска несреќа во која загина скоро комплетниот тим на Чапекоенсе, почина синоќа од срцев удар играјќи фудбал со пријателите во Чапеко. Се работи за новинарот Рафаел Хензел, кој патуваше со експедицијата на Чапекоенсе на финалето против Атлетико Насионал, ноември 2016.

Тој починал по срцевиот удар претрпен додека играл фудбал, спортот на кој му го посветил целиот живот. Хензел требало да го коментира натпреварот од Купот на Бразил помеѓу Чапекоенсе и Крикума, меч кој сега е одложен во знак на почит поради неговата смрт.

Хензел работеше во радиото „Вест Капитал“, а неколку месеци по несреќата ја објави книгата „Viva como se partida”, во која меѓу другото пишуваше и за катастрофата на Чапекоенсе, каде заегинаа  71 од 77 лица кои беа во тој авион, вклучително и 19 играчи на фудбалскиот клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.