Лидерот Струга освои попладнево три бодови против Работнички во Скопје, додека второпласираниот Шкупи ремизираше на гостински терен против Академија Пандев во двата дерби натпревари во рамки на 24 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Во преостанатите два денешни натпревари, Силекс забележа гостинска победа над Победа, додека Македонија ЃП беше поуспешна на гостувањето против Тиквеш.

Колото ќе биде комплетирано в недела со дуелот меѓу Скопје и Шкендија, додека слободна е штипска Брегалница.

ПМФЛ-24 коло:

Академија Пандев – Шкупи 1:1

Победа – Силекс 1:5

Работнички – Струга ТЛ 0:1

Тиквеш – Македонија ЃП 0:1

Утре: Скопје – Шкендија

Слободна е Брегалница

Табела: Струга ТЛ 46, Шкупи 42, Шкендија 38, Силекс 38, Брегалница 32, Тиквеш 29, Македонија ЃП 29, Работнички 24, А. Пандев 20, Скопје 14, Победа 13.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.