Екипата на Рајо Ваљекано, во чиј редови стандарден на голот беше македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, го продолжи максималниот ефект сезонава на домашен терен и со триумф попладнево над Елче од 2-1 се искачи на четвртото место во шпанското првенство и место кое води во Лигата на шампиони.

Рајо Ваљекано до четвртата домашна победа, а вкупно петта сезонава, дојде со пресврт со головите на Марио Хернандез (26 минута) и Ренди Нтека (65), откако гостите први дојдоа во водство со голот на Лукас Боје (14).

Во следното 10 коло, Рајо Ваљекано му гостува на Бетис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.