Поволен резултат и игра без калкулации најави македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски во пресрет на пријателскиот натпревар со Словенија, утре во Скопје.

– Се подготвуваме одлично, атмосферата во репрезентацијата е на едно високо ниво, очекуваме утре наша добра игра и победа. Македонија на секој натпревар игра на победа. Фудбалот затоа и е толку посебен. Изгубивме од Австрија, а успеавме да ја победиме Германија на гостински терен. Кој и да излезе утре на терен што се однесува до составот значи дека е во првиот тим. На селекторот е да одлучи. Кој и да настапи ќе даде максимум и ќе одигра пожртвувано и борбено за националниот дрес, рече Ристовски на денешната прес-конференција.

Покрај средбата со Словенците, македонските фудбалери, на 4 јуни ќе одиграат контролен дуел и со Казахстан, последен пред заминувањето на Европското првенство

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.