Денеска ќе се одиграат првите 10 натпревари од квалификациите за ЕП 2020. Вкупно 55 репрезентации ќе учествуваат во битката за учество на шампионатот кој ќе се одржи во неколку градови на Стариот континент.

Судирот меѓу Македонија и Летонија од групата „Г“ ќе биде најинтересен за домашната јавност, а нашата репрезентација се надева на победа на домашен терен во првиот натпревар во квалификациите и соодветна прослава на натпреварот бр. 100 за капитенот и најдобар фудбалер на селекцијата – Горан Пандев.

Фокусот на светската јаност пак ќе биде во Брисел, каде се игра дуелот помеѓу Белгија и Русија. Домаќините се фаворити и ќе се обидат да издвојуваат победа против својот главен ривал за првото место. Сепак, „зборнаја“ е тврд орев и ќе има за цел да украде барем бод од „црвените ѓаволи“.

Во групата „Г“, вниманието ќе биде насочено кон дербито помеѓу Австрија и Полска. Полјаците не успеаја да ги исполнат очекувањата на Светското првенство, а Австријците воопшто не се квалификуваа за него. Натпреварот во Виена, исто така, ќе биде дуел меѓу тимските колеги од Баерн Минхен- Давид Алаба и Роберт Левандовски.

Во групата „Е“ Словачка ја дочекува Унгарија, додека финалистот од Светското првенство 2018, Хрватска е домаќин на аутсајдерот Азербејџан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.