Синиша Михајловиќ, кој само што излезе од болница, каде што се лекува од леукемија, се врати вечерва за мечот против Верона, да ја води својата Болоња, што беше пречекано со овации на навивачите на двете екипи.

Неговото појавување на теренот го поздрави и некогашниот соиграч и негов добар пријател, фудбалерот Дејан Станковиќ.

„Татко мој добар, ние сме родени победници, многу среќа вечерва, ма изгази ги сите!“, беше пораката на Станковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.