На последната седница на Советот на Општина Велес, по предлог на советничката група на СДСМ и коалицијата донесена е одлука велешкиот фудбалски стадион да се именува во „Градски стадион Зоран Паунов“, информира на денешната прес-конференија Пандорка Прличкова од советничката група на СДСМ.

Таа искажа јавна благодарност на сите велешани што дале подршка за оваа одлука.

Велес има многу важни имиња, но капитенот на ФК „Борец“ човекот кој играше за „Пелистер“ и „Вардар“ достојно претставувајќи го Велес на домашна и меѓународна сцена, сметаме дека заслужува да биде патрон на Градскиот стадион, појасни Прличкова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.