Жозе Мурињо има силен финансиски поттик во својата потрага да го оживее Тотенхем и да го врати тимот на врвот во пласманот.

Според „Сан“, на Португалецот му се ветени 2 милиони фунти доколку „петлите“ завршат во топ 4, што во оваа фаза изгледа многу малку веројатно.

Тимот од Лондон се едвај 14-ти во пласманот, на 11 поени од четвртиот Манчестер Сити и дефинитивно треба да започнат солидна победничка низа, доколку сакаат да ги зголемат шансите да бидат во областа на ЛШ.

На прес-конференцијата вчера, Мурињо беше претпазлив да објави дека неговиот тим не може да се бори за титулата оваа сезона, што би била целта следната година. Сепак, навивачите се сигурни дека тој не отпишал пласман во Топ 4, иако тоа нема лесно да се постигне.

Утре Специјалниот ќе го запише своето деби на клупата на Тотенхем против Вест Хем, кој е во уште полоша серија од „петлите“, без победа за два месеци и пораз на 5 од седумте одиграни натпревари во тој период

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.