Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, ќе избегне купување „гнили јаболка“, бидејќи Норвежанецот инсистира на тоа дека новите засилувања мора да бидат самоуверени, но и смирени ако сакаат да играат во Премиер лигата.

Солскјер ги одведе Хари Мегваер, Даниел Џејмс и Арон Бисака во првиот трансфер прозорец во обид да формира нов тим со јадро на амбициозни млади британски играчи. Во зима, Норвежанецот ги привлече Бруно Фернандеш и Одион Игало.

– Чувствував дека сум професионалец и привилегиран да играм за Манчестер Јунајтед. Јас не би се погледнал себе си ако не знаев дека дадов се од себе за моите соиграчи и менаџер. Ова е она што сега ќе го барам од играчите со кои потпишавме или ги земаме од Академијата. Тие мора да бидат добри луѓе и професионалци, затоа што „гнилите јаболка“ во корпата ќе ги направат и останатите гнили. Значи за мене, станува збор за изградба на тим што ја одразува личноста и ставовите на мојот тим. Секако, постојат стандарди затоа што сакаме да победуваме. Ние сме во овој бизнис да го правиме тоа. Но, првиот чекор да бидете играч на Манчестер Јунајтед е да бидете понизни и да знаете дека мора да работите напорно. Никогаш да не се откажувате и секогаш да давате се од себе. Потребни се 100 отсто напор секој ден и да не мислите дека сте подобри отколку што сте, изјави Норвежанецот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.