Скандал деновиве ја растревожи египетската јавност откако беа објавени пораки кои фудбалскиот репрезентативец, Амр Варда ги праќал на неколку девојки. Имено, тој пред Ватсап испраќал голи слики од себе на девојки, по што им се заканувал доколку тие не се согласеле да направат тоа што фудбалерот ќе побарал.

Две девојки јавно ги објавиле конверзациите со Варда на апликацијата, а едната од нив го опишува како „сексуален предатор“.

Заедно со уште двајца фудбалери од египетската репрезентација ме повикаа во хотелска соба.Кога го одбив предлогот, тие станаа агресивни. Варда се однесуваше одвратно, објаснила едната девојка.

Тој е сексуален предатор. Најлошата работа што сум ја направила во животот е што се подготвував за Амр Варда. Тој со месеци ме злоставуваше и ми се закануваше. Морав да глумам дека ми се допаѓа, бидејќи кога беше лут се однесуваше насилно. Потоа му реков: Тоа што си познат, не значи дека сакам да го видам твојот пенис, изјавила втората девојка.

По овие обвинувања, Египетската фудбалска федерација веднаш го исфрли Варда од репрезентацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.