Репрезентацијата на Аргентина вечерва се радуваше на првата победа во Копа Америка со која си го чекираа билетот за четвртфинале. До победата од 2-0 гаучасоите дојдоа со погодоците на Лаутаро Мартинез и Кун Агуеро.

Во корист на Аргентина беше и резултатот од мечот помеѓу Колумбија и Парагвај, каде популарните „триколори“ славеа со 1-0, па „гаучосите“ со четири бода се втори во групата Б зад Колумбија која има максимален учинок и 9 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.