Ливерпул досега секогаш успева да стигне до финалето во европските купови откако е предводен од Јирген Клоп. „Црвените“ од Енфилд синоќа се изборија за финале во Лигата на шампионите и ја елиминираа Барселона по победата во реваншот со 4-0.

Предводени од 51-годишнито германски тренер, Ливерпул нема изгубено ниту еден двомеч во евро-куповите.

Во првата сезона, Клоп, го однесе тимот од „Енфилд“ до финалето на Лига Европа каде загуби од Севилја со 3-1, а следната сезона тие не играа на европски натпревари.

Минатата (2017/18) сезона Ливерпул се пласира во финалето од ЛШ во кое беа поразени од Реал Мадрид со 3-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.