Најдобриот португалски фудбалер, Кристијано Роналдо, постави нов рекорд во репрезентативниот дрес.

Во триумфот над Луксембург со 5:0, Кристијано Роналдо три пати се запиша во листата на стрелците. со што дојде до рекорден, 10. хет-трик во репрезентативниот дрес.

Португалија е втора во А групата од квалификациите за Светското првенство 2022, со 16 бода, зад лидерот Србија која има 17, но и натпревар повеќе. Потоа следуваат Луксембург со 6 бода, Ирска со 5 и Азербејџан со 1.

Директен пласман на Мундијалот во Катар ќе обезбеди првопласираната селекција, додека второто место носи учество во баражот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.