Италијанскиот шампион, Јувентус, продолжува да ниже победи во Серија А, а вечерва со 1-0 славеше против Рома во дерби пресметката од 17. коло.

Триумфот за „Старата дама“ го донесе хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ со погодокот во 35. минута што беше доволно за трите бода. Во 92. минута гол постигна и Даглас Коста, но со помош на ВАР системот, голот беше поништен поради прекршок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.