„Росонерите“ испаднаа од топ четири откако попладнево пред своите фанови загубија во дуелот со Фиорентина. Избраниците на Гатузо креираа неколку добри шанси, но исто како и на претходните два меча во Серија А, не успеаја да го најдат патот до мрежата на противникот па сега речиси 300 минути се без постигнат гол.

„Виолетовите“ играа трпеливо, ја чекаа својата шанса и преку Федерико Киеза стигнаа до првата победа на Сан Сиро по пет години.

Прекрасниот гол вреден три бода падна во 73. минута, кога младата ѕвезда на Фиорентина сам си направи простор и од далечина погоди прецизно покрај стативата за 0-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.