Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Сколс смета дека заминувањето на Пол Погба нема да биде голема загуба за тимот. Во текот на летото, медиумите пишуваа за интересот за Французинот од страна на Реал Мадрид.

Погба? Не мислам дека неговото заминување ќе биде голема загуба за Манчестер Јунајтед. Другите играчи можат да ја завршат работата, што ја прави тој, изјавил Сколс.

Погба дојде во Јунајтед од Јувентус во 2016 година за 100 мил. евра. Претходно, сезоната 2011/12 беше дел од Јунајтед, но одигра само три натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.