Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо ги прекрши правилата на изолација по откривањето на коронавирусот во торинскиот клуб за да се приклучи на португалската репрезентација, пишува „Ла Газета дело Спорт“.

Напаѓачот не се согласи да остане во хотелот неколку дена, бидејќи тоа ќе го спречи да игра за националниот тим на пријателскиот натпревар против Шпанија.

Тој го крена гласот пред директорите на клубот и неговите соиграчи пред да ја напушти безбедната зона.

Здравствениот орган во Торино го пријавил настанот во локалната полиција. На играчот му се заканува административна казна до 1.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.